Претставничкиот дом изгласа резолуција за ограничување на воените акции на Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/20 10:53 AM

Претставничкиот дом изгласа резолуција за ограничување на воените акции на Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа изгласа резолуција со која се ограничува претседателот Доналд Трамп да почне војна против други држави без одобрување и дебата во Конгресот. До гласањето дојде по нападот со беспилотно летало и убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, што предизвика жестока реакција од Техеран кој одговори со ракетни напади врз две сојузнички воени бази во Ирак.

Резолуцијата беше изгласана со 224 гласа „за” и 194 „против”. „За” гласаа сите демократи и уште тројца републиканци. Демократите бараат Конгресот да биде консултиран за секој иден план за воен напад на Иран, исклучок се одбранбени дејства. Тие сметаат дека претседателот треба да има намалени ингеренции во однос на одлуки за војна и да нема право на вето ако законодавниот дом е против.

 

.За многумина постапката е сао симболичен чин зашто, за да помине, треба да биде изгласана од Сенатот, а тоа ќе биде многу тешко, бидејќи републиканците имаат мнозинство во Горниот дом на американскиот Конгрес.