Обвинувања за трагедијата: Американски извори сметаат дека Иранците го собориле украинскиот авион, Иран демантира – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/20 7:24 AM

Обвинувања за трагедијата: Американски извори сметаат дека Иранците го собориле украинскиот авион, Иран демантира

Иранските власти реагираа на вчерашните тврдења на американски извори дека иранска ракета по грешка го соборила украинскиот патничкиавион завчера кај Техеран. Од иранското Министерство за транспорт соопштија дека не е точна приказната за ракетата што удирала во авионот во кој беа усмртени сите 176 патници и членови на екипажот. Министерството соопшти дека во исто време летале неколку домашни и меѓународни авиони во иранскиот воздушен простор на иста надморска височина од 2.440 метри.

Американски медиуми вчера, повикувајќи се на американски претставници, објавија дека украинскиот патнички авион по грешка бил соборен од иранска ракета.

Пентагон одби да коментира.