Најтопла година во Алјаска: Забележана рекордна топлина од 32,2 степени – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/20 3:29 PM

Најтопла година во Алјаска: Забележана рекордна топлина од 32,2 степени

Минатата година беше најтоплата година во Алјаска, се наведува во владиниот извештај за американската клима.

Просечната температура во Алјаска била 0,1 степени Целзиусови, што е за 14 степени над долгорочниот просек, се вели во годишниот извештај на Националните центри за информации за животна средина на Националната агенција за океани и атмосфера.

Просечните температури во Алјаска постојано растат во последните години, при што во четири од последните шест години забележана е рекордна топлина.

Претходниот рекорден просек во Алјаска е забележан во 2016 година.

Во Енкориџ, најголемиот град во Алјаска, температурата во јули прв пат достигнала 32,2 степени Целзиусови.

Инаку, во САД во последната деценија се забележани временски и климатски катастрофи кои нанесоа штета од 119 милијарди долари, што е повеќе од двојно од 59 милијарди, колку што штетата изнесуваше во претходната деценија, се вели во овој извештај.

Извор: denar.mk