Јапонскиот пасош „најпрооден“, македонскиот на 47. место од 107 рангирани – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/20 11:04 AM

Јапонскиот пасош „најпрооден“, македонскиот на 47. место од 107 рангирани

Во рангирањето на консултанстската компанија „Henley Partners“, врз основа на слободата на патувањата што ја озозможуваат, македонскиот пасош се најде на  47. место од 107 рангирани пасоши.

Земја со најпривлечен пасош е Јапонија, чии граѓани без виза можат да патуваат во 191 земја, а следуваат пасошите на Сингапур и на Германија.

Од поранешните југословенски републики, најдобро пласирана е Словенија, на 11. место. Хрватскиот пасош е рангиран на 20, српскиот на 39, црногорскиот на 44, македонскиот на 47 и босанско-херцеговскиот на 52, а малку заостануваат албанскиот на 54, косовскио на 54. место.