Време: Денеска сончево со студено утро, слично и во следните денови – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/20 7:17 AM

Време: Денеска сончево со студено утро, слично и во следните денови

Утрово времето ќе биде студено и со утринска магла во некои котлини, а преку денот се очекува сончво време со слаб северозападен ветер. Најстудено утро (-13) треба да има во Берово, а максималната дневна температура од 11 степени се очеуква да биде измерена во Гевгелија. Во Охрид до 8, Скопје и Штип до 6, Битола до 4… Ваква е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини. За време на викендот ќе има појава на зголемена облачност, на некои пониски места со повремен слаб дожд, а на планините слаб снег.