Штипскиот каратист Емил Павлов петти пат спортист на годината – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 4:18 PM

Штипскиот каратист Емил Павлов петти пат спортист на годината

Каратистот Емил Павлов петти пат ќе ја добие наградата спортист на годината за 2019 година од Општина Штип, вели за МИА претседателот на Комисијата за спорт и за прогласување спортист на годината Елмир Мандак. Тој забележува дека комисијата, во која членуваат 13 советници од Советот на Општина Штип, новинари и спортски работници едногласно ја донесоа оваа одлука за Павлов кој, како што рече, има уште три турнири за обезбедување присуство на Олимпијадата во Токио.

– Најдобра екипа за 2019 година е Карате клуб-Штип, најдобар тренер е Сашко Арсовски, кој и на државно ниво ја зеде оваа награда. Марија Гогова ќе ја добие наградата за посебен придонес за развој на спортот, бидејќи по 30 години ја активира женската кошарка во Штип. За најдобри наставници по физичко во средното образование е прогласен Новит Здравев, а за основните училишта Звонко Рунчев, вели Мандак.

Тој додава дека комисијата одлучила награди да добијат во пионерска конкуренција – прво место за Тамара Ристова, Карате клуб „Астибо”, второ место –  Јован Данилов, кик бокс клуб „Гладијатор” и трето место за Драган Ефтимовска, Карате клуб – Штип.

– Во категорија кадети првото место е за Стефан Штерјов, борење „Балканец”,  второ место  Љупче Михаилов, Карате клуб – Штип, третото место го делат Фадил Назифов, борење „Балканец” и Никола Нацев кик бокс „Гладијатор”. Во категорија младинци првото место е за Давид Мишев, борење „Балканец”, второ место Марјан Попадинов, кик бокс и  третото  место го делат Григор Хаџи Кимов карате и Христјан Јованов. Во сениорска конкуренција прво место Емил Павлов, второ Владимир Егоров и трето место го делат Славче Арсов и Жарко Арсовски, вели Мандак.

Доделувањето на наградите и одржување на манифестацијата „Спортист на годината” за Општина Штип ќе се одржи на 15 февруари во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров”.

МИА