Словенија ги евакуира своите војници од Ирак – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 10:34 AM

Словенија ги евакуира своите војници од Ирак

Шестмина словенечки војници, станционирани во Ирбил, на северот на Ирак, ќе бидат евакуирани откако Иран го нападна аеродромот во Ирбил и уште една воена база во Ирак во која се наоѓаат и американски војници.

Словенечките војници во Ирак се во рамките на германската меѓународна операција и ќе бидат евакуирани заедно со германските партнери, објави Министерството за одбрана на Словенија.

Агенцијата „СТА“ пренесува дека за одлуката е известен и врховниот командат на вооружените сили, претседателот Борут Пахор.

Пахор, министерот за одбрана Карл Ерјавец и началникот на генералштабот, генерал Аленка Еменц утрово разговарале со словенечките војници во Ирак.

Војниците се добро и биле скриени во скривница за време на нападот на аеродромот во Ирбил, кој се наоѓа близу базата Стефан.

Иран испука повеќе од 12 балистички проектили на две воени бази во Ирак во кои се наоѓаат американски војници, а Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападите, наведе дека тие се „одмазда за убиството на командантот Касим Сулејмани“.

Нападот на базоте во Ирак е потврден од Пентагон, а ракетите се лансирани од иранска територија.
Погодени се базите Ал Асад и Ирбил.