Денеска отворање на гасоводот Турски тек – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 10:05 AM

Денеска отворање на гасоводот Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Истанбул за да присуствува на денешната церемонија на отворање на гасоводот Турски тек, заедно со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој долго време се обидува неговата земја да ја направи своевиден енергетски терминал.

Преку новиот гасовод ќе течат над 31 милијарда кубни метри руски гас преку Турција до Бугарија, Србија и Унгарија. Најавено е дека на церемонијата ќе присуствува и и други дежавни лидери од регионот.