Излезе од печат новата книга од едицијата Светска сатира насловена Руски парадокси од авторот Миле Ѓорѓијоски. Книгата, како што информира Ѓорѓијоски, има три дела а со неа се опфатени дел од творештвото на најпознатите руски автори.
– Во првиот дел од книгата направен е избор на најпознати руски поговорки, вториот дел се состои од мудри мисли на големите писатели Толстој, Достоевски, Пушкин, Бродски, Шолохов, Набоков и други, додека третиот дел од книгата содржи превод на ангологијата на руски афоризми ,,Големи во мало” од Александар Чотриќ, информира Ѓорѓијоски.
Во создавањето на оваа книга како што додава учествуваат околу 160 автори.
-Содржи околу 2.000 афоризми, кои кон крајот на јануари ќе биде промовирана во Скопје и Виница, додава делчевскиот сатиричар со кичевски корени.
Ова е четврта книгакоја се издава под покровителство Дом на култура „Тошо Арсов” кој претходно ги издаде и трите книги од едицијата „Трагачи по парадокси”.
МИА