Мртов маж пронајден со прострелна рана во глава во Маџари – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/20 4:24 PM

Мртов маж пронајден со прострелна рана во глава во Маџари

Маж на 34 години утрово бил пронајден мртов со прострелна рана во главата. Телото било пронајдено во скопската населба Маџари, под трибините на стадионот „Борис Трајковски“.

Лицето е идентификувано, а смртта ја констатирал доктор од итната медицинска помош.

Покрај телото бил пронајден пиштол, па се претпоставува дека се работи за самоубиство.