Скијачка нација: Mинатата зимска сезона се продадени над 432.000 пара скии – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/20 3:26 PM

Скијачка нација: Mинатата зимска сезона се продадени над 432.000 пара скии

Австријците се скијачка нација, што не се докажува само со одличните резултати во овој спорт, туку и со продажбата на опрема за скијање.

Минатата зимска сезона во Австрија се продадени вкупно 432.656 пара скии. Тоа е за 4,2 проценти повеќе од претходната година.

Со оваа бројка, Австрија се наоѓа на второ место во светот за продажба на скии, зад САД, каде се продадени 636.571 пара скии, а зад неа е Франција со 413.963.

Во светот се продадени 3,7 милиони скии, што претставува зголемување за 16,9 проценти.

Иако бројот на скијачи се намалува во Австрија, 34 проценти од населението скија, изјави Гернот Келермајер, претседател на Здружението на производители на спортска опрема, и додаде дека скоро и да не постои друга нација каде има толку многу скијачи.

Извор: denar.com