Google ја суспендира практиката за избегнување данок – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/20 3:59 PM

Google ја суспендира практиката за избегнување данок

Google ќе престане да ја користи шемата која многу компании ја користат за да избегнат плаќање данок, помош која од даночните власти досега криеше милијарди долари, а тој потег го објаснува со поедноставување на структурата на компанијата.

Google е една од мултинационалните компании кои често се критикувани за користење на својата позиција и моќ и со отворање на подружници низ целиот свет и префрлање на профитот од една во друга значително ги намалуваат даночните обврски.

Шемата, позната како “Double Irish With A Dutch Sandwich”, е еден од познатите методи за избегнување на данок на добивка кој користи одредени дупки во законите во САД, Ирска и Холандија, со чија комбинација и употребата на оф-шор компании може значително да ги намали даноците.

Google очигледно се откажува од оваа практика затоа што од даночната пријава на компанијата за 2018 година се гледа дека компанијата на крајот на 2019 година или во текот на 2020 година ќе престане да користи ирско-холандска шема на внатрешно префрлање на профитот.

Од Google, велат дека благодарение на поедноставената корпоративна структура, лиценците за производи и услуги ќе бидат продадени на своите подружници од САД, а не преку оф-шор компании од Бермуда.

Пренесувањето на странската добивка во САД е олеснето и со закон донесен минатата година, со кој администрацијата на Трамп ги ослободува од плаќање на заостанатите даноци сите оние кои ќе одлучат своите бизниси на овој начин да ги вратат во својата земја.

Во Google тврдат дека и досега ги плаќале сите даноци кои морале, како и дека нивната просечна стапка на данок на добивка во изминатите десет години била 23 проценти, од кои 80 проценти платени на домашен терен, во САД.

Од друга страна, компанијата преку своите подружници во ЕУ на сите други профити плати значително помалку даноци, поради што повеќе пати беше под истрага.

Извор: denar.mk