Најстарата Србинка по 108. пат дочека Нова Година – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/20 10:51 AM

Најстарата Србинка по 108. пат дочека Нова Година

Надежда Павловиќ, најстарата белграѓанка и Србинка, вчера во својот дом го прослави 108. роденден.

Родена е во Кралството Србија, променила осум држави, преживеала две светски војни, од мала се занимавала со спорт, другарувала со Десанка Максимовиќ, а последните четири и пол децении живее во Белград.

Баба Надежда веќе не е во форма како некогаш, но има дадено совети како до долг и среќен живот, пишува „Блиц“.

Со децении таа станува во шест часот, а легнува во девет. Вели дека за исхраната никогаш не водела посебна грижа, уживала да јаде и солени и благи специјалитети. Не пушела и не пиела.
Уште од мала вежбала гимнастика, а продолжила и во втората половина на својот живот. До пред неколку години секојдневно возела статичен велосипед, кој го имала во својата соба.

„Сметам дека тајната на мојот долг живот е мојот карактер. Кај мене ако се случи нешто страшно, непријатно и тешко, мене ми е важно само да ја преживеам таа ноќ. Се’ она што поминало фрлете го и не мислите повеќе на тоа“, советува баба Нада.

Баба Нада работела како наставничка по германски и српски јазик, а има голема љубов кон книжевноста.

Има деца, внуци и правнуци кои живеат во странство, па со нив контактира предку Вибер.

Последните години се интересира и за политика. Гласала на последните избори, а дури и станала член на една партија.

Покрај читањето, таа е љубител на музика и најмногу сака да слуша класика.