Жена паднала од тераса на стан во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/20 4:28 PM

Жена паднала од тераса на стан во Штип

Д.Г (27) од Кочани паднала од тераса на стан на ул.Боро Арсов во Штип. Случајот бил пријавен на 1 -ви јануари 2020 околу 1 часот и 50 минути. Лицето Д.Г живеела во вонбрачна врска со Т.Н од Штип.

По настанот Д.Г. била префрлена во Клинички центар Штип каде починала. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Штип.