Време: Денеска сончево, со студена ноќ и утро, а слично време и во првите пет дена од Новата година – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/19 7:00 AM

Време: Денеска сончево, со студена ноќ и утро, а слично време и во првите пет дена од Новата година

Утрото ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. За време на новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер. Денеска максималната температура од 8 степени се очекува да биде измерена во Гевгелија. Во Охрид и во Штип до 5 степени, во Скопје до 3, Битола до 2…

Според УХМР, слично време – сончево со мала до умерена облачност и со релативно ниски утрински температури, се очекува и во следните денови. Утре се очекува минимална температура од -7, а максимална од 9 степени, в четврток – минимална од – 6 а максимална од 8 степени, в петок минимална од – 7 и максимална од 11 степени, в сабота минимална од – 6 и максимална од 10, а в недела минимална од -6 и максимална од 8 степени.