Берберот од Малча украл 240 кг суво месо кое го оставил на местата каде се криел со Моника – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/19 10:12 AM

Берберот од Малча украл 240 кг суво месо кое го оставил на местата каде се криел со Моника

Според локалното население, Нинослав Јовановиќ, повеќекратен повратник-силувач, летото го поминувал во шумите во регионот на Књажевац. Неговото семејство го пријавило неговото исчезнување пред неколку месеци, во истиот период во кој жителите на зафрлените куќи го гледале во шумата.

Токму овој неколкумесечен престој во шумата беше значаен за пеколниот план на силувачот, затоа што, освен што го истражувал теренот, имал многу време да подготви потенцијални места за криење.

Еден жител исто така пријавил дека помеѓу 15 и 17 декември, 240 килограми суво месо биле украдени од викендичка кај клучката за Малча. Сомнежот веднаш паднал на Јовановиќ бидејќи се претпоставува дека оставал делови од месото по трасата по која бегал од полицијата.

Според полицијата, силувачот направил две грешки, првата што о еден дел се движел покрај пругата, а втората кога од еден селанец побарал шише вода но бил со Моника.

Потрагата по него се уште трае, а Моника на полицијата и рекла дека е вооружен со голем нож, како и дека се заканил оти жив нема да го фатат.