Педофилот и ја потстрижал косата на Моника и ја тепал – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/19 9:39 PM

Педофилот и ја потстрижал косата на Моника и ја тепал

Моника Каримановиќ (12) е задржана на Детска хирургија во Клиничкиот центар во Ниш. Како што дознава „Новости“, таа се чувствува добро. Пронајдена е во селото Пасјача, во напуштена куќа.

Кога се појавија првите фотографии, девојката се виде дека е исцрпена и потстрижeна.

„Таа е ментално стабилна, но се забележува дека има бројни модринки и подливи. Кога пристигна, беше видно вознемирена, но нејзината баба и родителите сега се со неа. Се гледа дека злосторниот и ја потстрижал целата коса“, вели за „Новости“ извор близок до семејството.

Моника исчезна на 20 декември на пат до училиште. Полицијата и војската со денови трагаа по киднаперот и девојчето. Таа беше пронајдена денеска попладне, додека киднаперот е во бегство и со себе носи нож, пишуваат српските медиуми.

Таа беше киднапирана од Нинослав Јовановиќ, познат како ’берберот од Малчан’, околу 7:30 часот на 20 декември, додека таа одела на училиште. Јовановиќ работел на неколку работни места во една од куќите во Сув Дол и веројатно со денови ги следел нејзините движења. Откако украл автомобил, сиво „пунто“, тој го киднапирал детето додека одело на училиште.

Во деветдневна потрага на полицијата, се вклучи и војската и граѓаните, кои ја пребаруваа секоја куќи и подрум во околината, влегоа во стотици напуштени домови каде киднаперот би можел да го крие девојчето. На многу места, Јовановиќ оставил траги како што се отпадоци од храна и облека.

Моника и киднаперот цел ден биле во бегство, јавуваат белградските медиуми. Насилникот го терал девојчето да пешачи, поради што поминале многу километри. Се проценува дека таа пашачела четири часа без никаков одмор.

Полицијата го лоцираше Јовановиќ во моментот кога го вклучил мобилниот телефон, кој изминативе денови му бил исклучен. Јовановиќ, според сознанијата, тргнал со киднапираното девојче кон Ниш, а тогаш сфаќајќи дека полицијата го лоцирала во околината на селото Пасјача, го пуштил девојчето кое што го држеше во заложништво девет дена.

Тој е осудуван за силување и педофилија. Своите жртви најпрво ги стрижел, а потоа ги силувал.