Еден од двајцата полицајци кои вечерва беа примени на Скопските клиники им подлегна на повредите здобиени во сообраќајната несреќа кај Гостивар, дознава Алсат. Според нашите извори тешка е состојбата и на другиот.Полицајците обезбедувале место на сообраќајна несреќа кај Гостивар, кога во нив удрил друг автомобил. Поради сериозноста на повредите веднаш биле пренесени на скопските клиники.
Канал 5 јави дека вечерва околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар полициските службеници од БСП-Гостивар, П.Ѓ. и Ф.Ш. додека обезбедувале лице место на сообраќајна незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило Форд Фокус. Ф.Ш. е пренесен во болница во Гостивар, а П.Ѓ. починал. Во ПС Гостивар од слобода е лишен Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичевско кој го управувал возилото Форд Фокус со кичевски таблички, потврдија од МВР за Канал 5.
(АлсатМ, Канал 5)


