МВР Билтен – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/19 5:51 PM

МВР Билтен

Скопје, 28 декември 2019 (МИА) На ул.„Томе Арсовски“ во Скопје,  вчера во 12 часот полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(57) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На ул.„132“ во Тетово,  ноќеска во 01:15 часот полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.В.(20), Е.Е.(21), Б.И.(18) и А.А.(20) сите од Тетово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово синоќа во 18:30 часот го лишиле од слобода Л.С (23) од с.Добарце,тетовско, затоа што при извршен претрес во куќа во с.Добарце во негова сопственост била пронајдена автоматска пушка, две празни рамки и дрвен кундак. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На градскиот плоштад во Тетово вчера во 14:30 часот  полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш( 43) од с.Рогле,тетовско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдени поголема количина пиротехнички материјал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(35) од с.Долно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 19.02 во трафика на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот купил продукти со фалсификувана банкнота.

Во хотел во Битола полициски службеници од СВР Битола  синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода В.Ф.Џ.(31) и Г.Р.Ј.(30) и двајцата од Куба, поради незаконски престој во Р.С.Македонија. Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

На граничен премин „Меѓународен аеродром- Скопје“ синоќа во 19:30 часот  бил лишен од слобода Ј.Б.М.(24) од Р.Турција за кој при пасошката контрола било утврдено дека не му е регулиран престојот во Р.С.Македонија.Лицето е предадено на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Скопје за понатамошна постапка.

На бул.„Св.Климент Охридски“ во близина на Влада на Р.С.Македонија вчера во 15:17 часот  патничко моторно возило „хјундаи“ со дипломатски ознаки, управувано од Н.Г. (54) удрило во Х.А., полициски службеник. Х.А е пренесен во Градска општа болница Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

На автопатот Скопје – Тетово во близина на бензинската пумпа синоќа во 21:10 часотпатничко моторно возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(33) од Тетово, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.А кој е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза “ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

На кружен тек на булевар „Никола Минчев“ во Кавадарци ноќеска во 04:30 часот патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.К.(24) од с. Веничани, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.А.(26) од Скопје која е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител ,а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Во Полициска станица Кисела Вода, А.Б.(45) од Скопје вчера во 16 чсот пријавила дека на ул.Јордан Мијалков нејзиниот син В.Б.Б. бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На ул.„Ѓорче Петров“ пред крстосница со ул.„Михајло Пупин“  вчера во 14:35 часот патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М. Д. (60) од Куманово, удрило во пешакот Ѓ. С. (70) од Куманово. По незгодата Ѓ.С бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Во Полициска станица Гази Баба, З.С.(64) од Скопје вчера пријавил дека на ул. Беровска бил каснат од куче скитник во пределот на десната подколеница.

На регионалниот пат Кочани – с.Зрновци, на влезот во с.Зрновци, кочанско, околу 01:30 часот К.С. (23) од Кочани управувајќи патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот. На местото на настанот починал совозачот Б.М. (23) од Кочани, а К.С е пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.