По три години затвор за Дејан Бошковски, Методи Стојменовски и Ненад Ѓорговски за случајот „Тарифа’ – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/19 11:38 AM

По три години затвор за Дејан Бошковски, Методи Стојменовски и Ненад Ѓорговски за случајот „Тарифа’

Кривичниот суд ги огласи за виновни како одговорни лица, Дејан Бошковски, Методи Стојменовски и Ненад Ѓорговски од АД ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ),  бидејќи не побарале остварување на полисиата на осигурување за ЕРП системот.

Според обвининението поднесено од СЈО, тие незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација. Тројцата обвинети причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра.

При читањето на пресудата, судијката Софче Гаврилова-Ефремова  кажа дека директорот Дејан Бошковски со искоруствување на службената положба го потпишал Анексот 2 на договорот. Ѓорговски издал сертификат за продолжување на договорот. Стојменовски побарал од секторот за одредбата од договорот „виша сила“, поради што на компанијата „Нерас“ и’ се исплатени над 158.000 евра.

Тројцата сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Сите се осудени на казна затвор од три години.

Стојменовски и Ѓорговски се задолжени да му ја надоместат штетата на АД ЕСМ за пријавеното имотно правно оштетување.Ѓорговски  се задолжува со 20.000 евра, додека Стојменовскисо  износ од 30.000 евра, во рок од три месеци по правосилноста на пресудата.

На ЕСМ му се дава поука средства од над 158.000 евра на име обештетувањето да го бара преку спор. Парите биле вратени, меѓутоа, судот нема доказ за тоа.

Обвинетите треба да платат по 10.000 денари , како и  трошоците за адвокатот на ЕСМ и за вештаците.

За третото дело се одбвива обвининието – дека не побарале листа на подизведувачи РС ДОО Скопје, бидејќи обвинителот се откажа од обвинието.