Прекин на сообраќајот на Пресека поради минирање – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/19 8:42 AM

Прекин на сообраќајот на Пресека поради минирање

Поради минирање на патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека – село Врбјане, денеска од 12 до 15 часот сообраќајот ќе биде делумно во прекин само кога ќе се изврши минирањето.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има само во Крива Паланка, но без проблеми во сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.