Променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Минималната температура од – 5 степени се очекува да биде измерена во Маврово, а максималната од 10 во Гевгелија. Во Скопје и во Штип до 6, во Охрид до 5, во Битола до 4 степени.
Слично, но малку постудено време и со можност за повремен снег, па и на некои пониски места, се очекува и за утре, кога максималната температура треба да достигне до 7 степени. Слично време, но без врнежи, се очекува и в недела, в понеделник и во вторник. Максималната температура треба да достигнува до 6 степени, а минималната в понеделник, според УХМР, треба да опадне на – 8, а во вторник на – 10.


