Еден од тројцата ученици кои извршиле физички напад во училницата се обидел уште еднаш да го нападне неговиот соученик, откако завршиле часовите.
Од раководството на училиштето го потврдуваат инцидентот и велат дека веќе се преземаат педагошки мерки против учениците.
Родителите велат дека за неполни два месеци ова е трет инцидент односно физичка пресметка меѓу учениците. Тие на состанок побарале од раководството да обезбеди обезбедување во училиштето. Добиле одговор дека обезбедувањето треба тие да го платат, па добиле негативен одговор.
Психолозите велат дека насилството кај децата е најчесто резултат на агресивното однесување на нивните родители кои го гледаат дома.
Дополнителен проблем како што велат е немањето на доволно кадар во училиштата, кои треба да работаат со проблематичните деца.
Зоран Димовски


