Tурција: Отпуштени 30.000 полицајци поради случувањата во 2016 година – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 1:22 PM

Tурција: Отпуштени 30.000 полицајци поради случувањата во 2016 година

Повеќе од 30.000 турски полицајци се отпуштени од работа во рамките на борбата против организацијата на Фетула Ѓулен, која турските власти ја сметаат за одговорна за обидот за пуч во 2016 година.

Ова денеска го потврди претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, кој зборуваше на церемонијата на доделување дипломи на новите полицајци  на Полициската академија, при што изјави дека дури една третина од отпуштените биле високи полициски службеници.

„Дури 1.866 полициски службеници се отстранети од должност поради истраги што се водат за нив“, рече Шентоп.

Тој додал и оти 10.300 службеници се вратени на работа, откако не биле пронајдени докази кои што ги потврдуваат наводите на сомнежот за вмешаност во ФЕТО.