Дваесет и четири годишен неготинец утринава извршил разбојничка кражба во казино во Неготино. Одзел пари и побегнал – потврдија од полицијата. За кратко време разбојникот е приведен и му се одземени украдените пари.
„На 26.12.2019 околу 10.30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино поради тоа што околу 08.00 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал.
При преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица“ вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ангел Данов