Концесионерот на акумулацијата Мантово кај Конче изврши порибување на езерото со подмладок од 250 килограми крап.
Според концесионрот за организирање рекреативен риболов-компанијата „Риба и риболовци”, порибувањето е во рамки на годишниот план за пуштање рибен подмладок на оваа езеро за 2019 година.
Подмладокот од крап е од овластен репроцентар за порибителен материјал, а порибувањето е извршено во присуство на надлежни служби.
Концесионерот упати апел до риболовците уловените примероци на подмладок од крап веднаш да ги враќаат назад во водата.
МИА