Катастарот ќе промовира регистар на имоти одземени поради долг – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/19 7:59 AM

Катастарот ќе промовира регистар на имоти одземени поради долг

Регистар на преземени недвижности наменети за продажба, односно имотите што се одземени поради долг, ќе биде промовиран денеска во Агенцијата за катстар на недвижности.

Новината за граѓаните и инвеститорите што се воведува во државава ќе ја претстави на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев.

Законски услови за воспоставување и водење на овој регистар се создадени со последните измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.

MИА