Ripple, компанијата која стои зад истоимената криптовалута XRP, штотуку собра 200 милиони долари. Стартапот има за цел дополнително да го зголеми бизнисот за прекугранични плаќања.
Меѓутоа, успехот на компанијата со седиште во Сан Франциско, со растечка база на потрошувачи, не резултираше со големо движење на криптовалутата, која е трета по вредност, по биткоинот и етереумот.
Тоа може да се објасни со фактот дека токенот е „специфична криптовалута“, што го прави неинтересен за редовните инвеститори, изјави Џефри Такер од Американскиот институт за економски истражувања.
„Тоа не значи дека нема да го промени светот. Мислам дека е исклучително важна технологија затоа што успева во светот на SWIFT системот“, изјави аналитичарот.
Како што додава, Ripple е навистина вреден во тој систем.
„Ripple во исто време е веројатно најкритикуваното дигитално средство, затоа што целата идеја околу биткоинот беше токму дека криптовалутите не треба да се регулираат. Повеќето од овие токени (вид на дигитален жетон) ги поседува матичната компанија, што значи дека може да ја регулира и нивната цена“, додаде Такер.
Извор: denar.mk