Намирници кои треба да ги избегнуваме – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/19 3:20 PM

Намирници кои треба да ги избегнуваме

Иако постојат производи за кои сме предупредувани дека не смееме да ги консумираме често доколку сакаме да го зачуваме нашето здравје, постојат и такви кои треба да ги ставите на црната листа.

Американскиот нутриционист Џеред Коч направи листа на намирници што во никој случај не смеат да се најдат во вашата потрошувачка кошничка и еве кои се најдоа на листата.
Домати од конзерва

Доматите се најважниот извор на ликопен и други важни состојки за организмот, но ако ги купувате спакувани во конзерва тогаш можете да се збогувате со нив. Секоја конзервирана храна содржи бисфенол, а најмногу го има во сокот од домати затоа што неговата киселост предизвикува бисфенолот да се испушта во големи количества. Заради тоа треба да консумирате свежи домати или спакувани во стаклена амбалажа.

Сувомеснати производи

Саламата, сланината и останатите сувомеснати производи се преполни со натриум, а месото кое се користи за нивно производство е веќе полно со хормони, антибиотици и нитрат. Освен тоа во процесот на преработка на ваквото месо му се додава и вештачки вкус, како и боја. Затоа секогаш е подобро да си купите свежо месо и да го подготвите дома.

Маргарин

За разлика од путерот во кој има млеко, маргаринот се добива од растително масло. Растителното масло не е проблемот, туку начинот на кој луѓето доаѓаат до финалниот производ. При процесот на преработка доаѓа до создавање на трансмасни киселини кои ја поттикнуваат појавата на воспаленија во телото, ги оштетуваат клетките и ѕидовите на крвните садови, па дури се смета дека ваквиот тип на масти го зголемуваат ризикот од појава на рак.

Растително масло

Соодносот на омега 6 и омега 3 масните киселини кај западната исхрана изнесува 15:1, а всушност треба да биде 1:1. Високорафинираното растително масло денеска се користи при подготовка на пекарски производи и пржена храна. Заради оваа нерамнотежа во телото доаѓа до инфламаторни процеси.

Затоа е важно често да јадете зготвена риба богата со омега 3 масни киселини, маслиново како и кокосово масло.

Вештачки засладувачи

Ако нешто не можете да го најдете во природата, тогаш избегнувајте го. Медот на пример и обичниот шеќер се секогаш подобар избор од вештачки засладувачи кои некогаш содржат и до 200 пати повеќе шеќер од обичниот. Меѓу сите нив, најлош глас го бие аспартамот, за кој се вели дека предизвикува невролошки проблеми, рак, а докажано е дека неговото користење ја поттикнува дебелината и го зголемува апетитот.

Извор: denar.mk