Американскиот претседател го потврди своето тврдење дека ветерниците се причина за болести и се штетни по околината поради „огромната количина чад која ја ствараат во атмосферата“.
„Ветерниците никој ги нема проучувано повеќе од мене. Не го разбирам ветерот“, изјави американскиот претседател овој викенд, на неговото обраќање пред младите конзерватисти во Флорида.
Во текот на неговиот говор, кој траеше подолго од еден час, Трамп ги критикуваше своите непријатели, но најнеобичен дел беше приказната за ветерниците.
„Бучни се. Ги убиваат птиците. Сакате ли да видите гробишта на птици? Само отидете под некоја од ветерниците. Никогаш нема да видите толку птици“, рече Трамп.
Трамп на публиката и „објасни“ дека ветерниците главно се прават во Кина и Германија и дека испуштаат многу чад во атмосферата, не објаснувајќи што точно мисли со тоа.
„Зборуваме за јаглерод диоксид. Па тие испуштаат чад, зар не? Испуштаат чад секаде, во Кина, Германија…, сето тоа е еден ист воздух, наш воздух“.
Трамп укажа и на уште еден проблем со ветерниците, а тоа е нивната бела боја.
Според него секоја ветерница има различни нијанси на бела боја, а негова омилена е портокалово – белата, рече тој иронично.
Тој додаде дека сопствениците не се грижат доволно за нив и дека после десет години тие изгледаат грозно, а сопствениците не сакаат да ги поправат без државни субвенции.
Трамп и предходно укажуваше на штетноста на ветерниците по околината, особено по цените на недвжностите кои се наоѓаат околу нив, како и дека бучноста која ја создаваат предизвикува рак.
Неговите противници сметаат дека причина за ваквите негови говори е неговата блискост со нафтената индустрија, за која лобира.