Сигурно досега сте слушнале за алпското гратче Кицбил, познато по зимските ски-трки на една од најстрмните и најопасни ски-патеки кои секоја година ги ставаат на тест и ги предизвикуваат врвните светски скијачи. 2020 година, во период од 20-25 јануари оваа легендарна трка ќе ја прослави својата 80-годишнина. За време на оваа возбудлива недела исполнета со адреналин, се подготвува електрична атмосфера низ гратчето Кицбил кое ќе биде преполно со туристи и натпреварувачките тимови.
Актуелната наградна игра на НЛБ Банка насловена „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбил, Австрија” е одлична можност да не го пропуштите јубилејното издание на овие спектакуларни ски-спустови и наместо пред телевизорот натпреварите да ги проследите директно од ВИП ложите во Кицбил.
Имено, сите заинтересирани нови и постоечки корисници на НЛБ haPPy картичките кои до 30 декември ќе направат барем една безготовинска трансакција на износ од најмалку 500 МКД стануваат потенцијални добитници на ова незаборавно зимско доживување. Звучи премногу добро за да биде вистиниото, нели?! Затоа ве охрабруваме да ги искористите последните денови од наградната игра и станете потенцијален добитник на ова патување кое ќе биде организирано во период од 20 до 25 јануари 2020 година за времетраење на ски-трките во Кицбил со ексклузивна можност за следење од ВИП ложата.
Дополнително, за времетраење на наградната игра, секој ден, во периодот што следува, ќе им биде доделен на учесниците по еден градски велосипед, а еднаш неделно, по еден електричен тротинет.
Главното извлекување ќе биде на 31 декември, кога НЛБ Банка и Mastercard ќе го извлечат најсреќниот добитник и ќе му го овозможат ова незаборавно зимско доживување за двајца.