Владата го правда Анѓушев пред Антикорупциската комисија – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/19 8:37 PM

Владата го правда Анѓушев пред Антикорупциската комисија

По повод информација за поднесената иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, на денешната седница е утврден одговорот на Владата кој ќе биде испратен до ДКСК.
Во текстот на одговорот се наведува дека точката Предлог-одлука за укинување на царинската стапка за електрични јон-литиумски акумулатори била повлечена од 29-тата седница на Владата на 26 септември и повторно била вратена на усвојување на 36-тата седница на 7 ноември, откако во меѓувреме заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев со писмен поднесок ја информирал владата дека се иззема од учеството за донесување на предлог-одлуката.
Во образложението за оваа точка утврдено на оваа седница се истакнува дека членовите на Владата немаат неограничени овластувања и моќ и дека нивните поединечни овластувања се контролирани од Владата како колективен орган, согласно Уставот и Законот за Влада, и дека во овој случај не е утврдена повреда на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поради што нема правен основ за поведување одговорност.