Повредени татко и син во росоманско од момче од Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/19 11:45 AM

Повредени татко и син во росоманско од момче од Албанија

При физичка пресметка, со остар предмет биле повредени татко и син од селото Рибарци од момче од Албанија, потврдуваат од МВР.

„ Синоќа во 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека  во Росоман, пред угостителски објект, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу средовечен жител на росоманското село Рибарци и неговиот 26 годишен син, од една страна и Б.К.(22) и неговиот татко П.К., двајцата од Албанија, од друга страна информираат од МВР.

Б.К. со остар предмет ги повредил таткото и синот а по немилиот  настан,  повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Полицијата работи на расчистување на случајот.