Третообвинетиот во случајот „ТНТ“ Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба, ноќеска бил нападнат од непознати лица, потврдуваат и од МВР .Тоа е причината зошто утрово не почна суското рочиште во кое Трајковски е обвинет заедно со поранешниот премиер Никола Груевски, со поранешниот минисер за транспор и врски Миле Јанакиески и неколку лица од опшштината за уривањето на „Космос“, комплексот на бизнисменот Фијат Цановски.
Адвокатот на Трајковски вели дека бил во болница по синоќешниот инцидент и затоа не можел да доје на рочиштето.
Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот дека вчера бил претепан со видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, кажа судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.
Според адвокатот на Трајковски, тој имал оток, со видливи повреди.
Судијата Огнен Ставрев го контактирал докторот кој му рекол дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома.
“За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно”, рече судијата и даде еден час пауза.
Утре истекува мандатот на една поротничка. Доколу дотогаш нема пресуда, судењето ќе мора да се врати одново, освен ако не и биде продолжен мандатот од страна на Судскиот совет. Судскиот процес “ТНТ” веќе две години е во судница. На претходните две рочишта дел од обвинетите немаа адвокати и им назначија по службена должност, Трајковски пак го смени адвокатот и назначи нов, оттогаш новите бранители бараа одлагање на процесот за да го разгледаат предметот.