Променливо облачно со врнежи од дожд. Од пладневните часови во северните делови ќе започне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири во поширокиот регион на Повардарието. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 15 степени треба да биде измерена во Гевгелија и во Дојран. Во Штип – 11, Скопје – 10, Битола и Охрид – 9…
Од утре се очекува дожд да нема, но зимата што настапи вчера ќе донесе нешто пониски температури. Утре се очекува да бидат измерени максимални 12, в среда – 11, а в четврток 10 степени.