Виолета по 14 години работа во општина Лозово останала без работа. За многу кратко време по промената на градоначалникот, добила 6 дисциплински постапки по што следел отказ.
Голготата низ која поминала резултирала со спонтан абортус.
Во Детектор таа низ солзи раскажува како и покрај квалитетното образование и серијата обуки се соочува во осмиот месец од бременоста да биде без работа и никакво осигурување.
(Детектор)