На 21.12.2019 во 04,40 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Градец, виничко, имало нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу неколку лица. Н.В.(26) од Виница, поради недоразбирање во сообраќајот поради предизвиканиот метеж, по куса расправија со нив, со возилото го удрил Г.П.(27) од Виница во пределот на левата нога.
Г.П. бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница и се работи на целосно расчистување на случајот.