Нотр Дам без полноќна миса за Божик, првпат по два века – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/19 1:20 PM

Нотр Дам без полноќна миса за Божик, првпат по два века

Во париската катедрала Нотр Дам оваа година, прв пат по два века, нема да се одржи божикна миса.

Во катедралата која овој април беше тешко оштетена во големиот пожар, божикни миси се одржувале и за време на двете светски војни, пишуваат светските медиуми.

„Прв пат по француската револуција во црквата нема да се одржи божикна миса“, потврди ректорот на катедралата, Патрик Чауверт.

Поради обновувањето кое ќе потрае, мисите ќе се одржуваат во црквата Сент Герман, во која привремено се преместени и некои реквизити од Нотр Дам.

Париската катедрала Нотр Дам, е голем симбол за христијанството, но и културно богатство на човештвото кое секоја година го посетуваат повеќе милиони луѓе.