Најмалку девет леѓе загинаа, а 12 се повредени во судир на автопат во западниот дел на Мексико што се случи денеска.
Службите за цивилна одбрана во Халиско соопштиле дека лекарски и полициски екипи се обидуваат да ги извлечат телата на деветтемина настрадани кои изгореле во комби, јавува АП.
До несреќата дошло откао комбито, кое одело од Гвадалахара кон Лагос, удрило во задниот дел на камион кој бил паркиран покрај патот и се запалило.
Се стравува дека билансот на загинати ќе биде поголем зашто повеќето повредени се во критична состојба.


