Албанскиот парламент ги усвои спорните закони за медиуми – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/19 9:59 AM

Албанскиот парламент ги усвои спорните закони за медиуми

Aлбанскиот парламент, по пвеќечасовна расправа, синоќа го усвои пакетот закони за спречување клевета, кој предвидува високи казни за онлајн медиумите и дополнителни овластувања за државните надзорни агенции.

За пакетот закони гласале 82 пратеника од албанското владејачко мнозинство, против биле 13 пратеници, а десетмина биле воздржани или не гласале.

Со новите законски решенија, Агенцијата за аудовизуелни медиуми добива надлежност да казнува, па дури и да затвора портали доколку оцени дека објавиле клевета или лажни вести.

Пакетот е усвоен и покрај протестите на 15 албански новинарски здруженија и невладини организации, кои го повикаа парламентот да ги отфрли новите закони предложени од Владата, истакнувајќи дека тие ќе ја нарушат слободата на изразување и слободата на медиумите, а и се во судир со меѓународните принципи.