Google отпушти неколку вработени кои ги повикале другите колеги на штрајк и прекин на работата.
Исто така, Google ангажирал неколку компании кои се специјализирани за разбивање штрајкови. Вработените во оваа компанија протестираат поради условите за работа, особено оние кои работат преку форми на трети лица.
Дека ИТ гигантите немаат разбирање за штрајкови и протести не е ништо ново. И Amazon честопати се среќава со штрајкови и протести поради лошите услови за работа, и најмалите дневници во целиот сектор.
Претходно оваа година, во Google протестирале дури и битни менаџери и програмери, поради полутаен договор на компанијата и кинеските власти за изработка на специјална верзија на интернет пребарувач за корисниците во таа земја.
Извор: denar.mk