По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо, облачно и постудено. Во останатите подрачја сончево и потопло со мала до умерена облачност. Максималната температура од 16 степени ќе биде измерена во Гевгелија, како и во планинските градови Берово и Крушево. Во Штип до 11, Охрид до 10, Скопје до 6, Битола до 5…
Таква е прогнозата на УХМР за денеска. Утре се очекува претежно облачно време без дожд, а по котлините магливо, со максимални 14 степени. До 14 степени се очекуваат и в петок, за кога се прогнозира и претпладневен дожд. Времето за викендот треба да биде топло за овој период од годината – до 16 степени в сабота и до 15 в недела. И во двата дена се очекуваат врнежи од дожд – в сабота особено попладне, а в недела особено во вечерните и во ноќните часови.


