Македонија треба да заслужи за да и се отворат поглавјата за преговори со Европската Унија, посочи Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.
Тој денеска одржа предавање во Тетово на тема надворешната политика на Франција. Во однос на отворањето на преговори со нашата земја за членство со Европската Унија, Тимоние истакна дека добро е и за нас, но и за Европа се што ќе добиеме како старт за влез во Унијата да биде заслужено.
Тој на предавањето во Тетово посочи дека е се поголем интересот на студентите за запознавање со Францускиот јазик, а со тоа и запознавање на француското општество, нејзината политика, култура и слично.
Зоран Димовски