Марш на сексуалните работници посветен на родово-базираното насилство – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/19 8:24 AM

Марш на сексуалните работници посветен на родово-базираното насилство

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ќе одржи традиционален Марш на „црвениот чадор” кој по 12-ти пат ќе се одржи во Скопје.

Маршот ќе започне пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија.

– Оваа година, кампањата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ја посветуваме на борбата против родово-базираното насилство. Искуствата и статистиките во светот и кај нас покажуваат дека жените и трансродовите сексуални работници се најмногу изложени на насилство во секоја форма. Голем е бројот на сексуални работници кои секојдневно трпат физичко и психичко насилство, но малкумина од нив се охрабрени истото да го пријават во полиција. Насилството, нападите, злоупотребувањата и нееднаквиот третман врз сексуалните работници мора да се елиминираат, а тоа ќе го постигнеме само ако сексуалните работници се третираат еднакво пред законите и се почитуваат нашите човекови права и слободниот избор, соопштија од Здружението за поддршка на маргинализирани работници, СТАР-СТАР.

МИА