Дино Мерлин и Здравко Чолиќ, со по 100.000 евра, најплатени балкански пејачи за Нова година – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/19 11:17 AM

Дино Мерлин и Здравко Чолиќ, со по 100.000 евра, најплатени балкански пејачи за Нова година

Најголем дел од пејачите ни за дочекот на 2020 година, нема да одмораат дома, туку ќе го поминат работно. Сепак не се жалат, бидејќи настапите во ноќта помеѓумеѓу 31 декември и 1 јануари отсекогаш биле најплатени, пишува белградски „Кирир“

Многу балкански ѕвезди ќе пеат во Белград. Цеца Ражнатовиќ во 2020 ќе влезе работно во еден хотел, но и побогата за 80.000 евра.  Лепа Брена ќе пее пред Собранието и за тоа банкарската сметка ќе и’ се зголеми за 45.000 евра. Во нов Белград, Марија Шерифовиќ ќе пее за 70.000 евра.  Жељко Самарџиќ, пак, ќе пее во Ниш за 25.000 евра, а Александра Приовиќ во хотел во Нов Белград и ќе биде платена со 40.000 евра.

Црногорците и оваа година „го одврзале ќесето“. Тие ќе го имаат Здравко Чолиќ на градскиот плоштад во Будва, за 100.000 евра. Во клуб во Будва ќе пее Милица Павловиќ за 45.000 евра. Харис Џиновиќ во Бар ќе пее за 37.000 евра, а Ацо Пејовиќ во Петровац за хонорар од 50.000 евра.

Единствен друг кој ќе ја достигне сумата на Здравко Чолиќ, е Дино Мерлин, кој ќе пее на плоштадот во Скопје, пишува „Курир“.