По одржаниот протест против аерозагадувањето регираше кумановскиот градоначалник – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/19 4:52 PM

По одржаниот протест против аерозагадувањето регираше кумановскиот градоначалник

По одржаниот протест „Куманово се гуши” реагираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриeвски кој вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните поради загадувањето на воздухот, посочувајќи дека е генерален проблем на чие што решавање, општината интензивно работи.

Дел од мерките кои ги посочија од граѓанската иницијатива „Македонија се гуши”, додава, веќе се реализирани и нагласува дека секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојден.

– Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина и секој од нас треба да се запраша колку придонесува за тоа, колку е разбудена свеста кај нас, за чиста животна средина, стои во реакцијата на кумановскиот градоначалник.

МИА