Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение, објави Макфакс.
Таа кажа дека не знае кој ја пуштил пратеничката Фросина Ременски од споредниот влез на зградата и за тоа може одговор да даде претседателката на Апелациониот суд, бидејќи зградата не е на Обвинителството.


