ОМД со осуда на бугарското негирање на македонскиот јазик – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/19 7:43 AM

ОМД со осуда на бугарското негирање на македонскиот јазик

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) остро реагира на ставот на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои.

.Најновиот во низата на антидемократски напади, ставот на Бугарската академија на науките ја отсликува моменталната бугарска политика за негирање на постоењето на единствен македонски јазик. Крајната цел на оваа политика е да се спречи Македонија да има официјален јазик признат во рамките на ЕУ, штом земјата ќе се приклучи на Унијата.

Со оглед на леснотијата со која македонското раководство се предаде на малтретирање од страна на нашите соседи, не би било изненадувачки официјални лица во Скопје да го игнорираат овој скандал.

Како и да е, ОМД ги повикува македонските власти да го осудат овој недоличен чин на Бугарија и да заземат јасен и едногласен став во одбрана на Македонија и нашиот јазик. Покрај тоа, ОМД ја повикува ЕУ да протестира против изјавата на Бугарите, бидејќи негирањето на јазик ја крши нејзината долгогодишна јазична политика.

 

ОМД