Чилеанскиот министер за одбрана потврди дека се пронајдени остатоци од телата на патниците во товарниот авион што се урна во понеделникот.
Имало 38 лица на малиот авион Ц-130 Херкулес и кој бил на пат кон Антарктикот кога исчезна од радарот еден час по полетувањето, потсетува АП.
Гувернерот на регионот Магаланес, Хозе Фернандес претходно изјави дека семејствата на исчезнатите патници биле информирани дека се пронајдени остатоци, без да прецизираат детали, јавува Би-Би-Си.
“Добивме информација денес од Воздухопловните сили дека се пронајдени некои делови од авионите, како и човечки остатоци. Ова е многу тажен момент”, рече Фернандес, прецизирајќи дека е најдено тркалото на авионот, дел од трупот, и дека многу делови што лебдат на површината на морето.
Авионот исчезна во понеделникот попладне, летајќи од Пунта Аренас до базата во Антарктикот.
Последниот контакт со авионите за контрола на летот беше во 18.13 часот по локално време, по што исчезна од радарот.
Започнати беа обемни пребарувања на копно и море, покрај учеството на Чиле, учествуваше и Аргентина, Бразил, Велика Британија и Уругвај.
Меѓу патниците имало тројца чилеански војници, двајца цивили, еден студент, 15 припадници на воздушните сили, како и единствената жена, 37-годишната Клаудија Манчо, инаку географ.