Денеска парламентарни избори во Велика Британија – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/19 8:18 AM

Денеска парламентарни избори во Велика Британија

Граѓаните на Велика Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори. На нив кои се решава не само кој ќе раководи во земјата, туку  кога и како (па и дали) оваа земја ќе излезе од ЕУ.

Водечки ривали на изборите се владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабуристичка партија на Џереми Корбин.

Изборите се одржуваат две години пред редовните, откако на тоа инсистираше премиерот Џонсон, надевајќи се дека ќе освои апсолутно мнозинство и ќе ја изведе земјата од политичкиот ќорсокак во врска со Брегзит.